Шпанија ја победија Франција со 35:29 во дуелот за трето место на ракометниот Мундијал во Египет, и ова е прв медал за Шпанците на светските првенства за мажи откако во 2013 година станаа планетарни шампиони. ,,Црвената фурија” беше помотивирана и доминираше против национален тим од кој во минатото најчесто губеа во меѓусебните дуели.
Шпанската репрезентација има просек на години на играчите од 30.2 години, инаку ова за Франција е втор пораз во шесте меча за трето место на СП. Браќата Алекс и Даниел Душебаеви заедно дадоа 14 гола и беа најефикасни во шпанскиот тим, а на голот блескаше Коралес со 18 одбрани.



