Маркус Рашфорд е нова жртва на расизам кој трпеше навреди на расна основа по вчерашното реми во англиското дерби меѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед. Офанзивецот на ,,Црвените ѓаволи” се огласи преку социјалните мрежи дека навредите не допираат до него и е горд на својата боја на кожата.
„Да, јас сум црномурен човек и секој ден сум горд на тоа. Ниту еден човек и ниту еден коментар нема да ме натера да се чувствувам различно од останатите. Жал ми е што очекувавте било каква агресивна реакција, едноставно нема да се спуштам на тоа ниво. Нема да споделам какви коментари добив бидејќи нема ништо оригинално во нив. Прекрасни деца од сите бои ме следат и нема потреба да читаат коментари од таков тип“ – се огласи Рашфорд по навредите од навивачите.