За првпат после 17 март 2012, Данди Јунајтед ги совлада Ренџерс на својот ,,Тенадис Парк” во рамките на шкотскиот Премиершип.
Имено, ,,Портокалово-црните” го направија најголемото изненадување во Шкотска, откако во второто коло славеа со минимални 1-0 над актуелните шампиони.
За избраниците на Стивен Џерард, ова беше прв лигашки пораз после 4 март 2020, кога загубија со 0-1 од Хамилтон.
Херој на Данди Јунајтед на денешниот натпревар беше Џејми Робсон (64′), кој воедно потекнува од академијата на овој клуб.
Гостите од Глазгов имаа 14 шутеви кон противничкиот гол, но одличната тактичка поставеност на домаќините спречи ,,полициско” славје.
На табелата, Ренџерс останаа на првото, а Данди Јунајтед скокна на петтото место, но со натпревар повеќе во однос на конкурентите.