Светското првенство за сениори над 50 и над 65 години се одржува во хотел Изгрев во Струга, Македонија од 18-29 септември. Во категоријата сениори под 50 години учестуваат 22 екипи од целиот свет.Се игра по Швајцарски систем од девет кола. Секоја екипа е составена од четири играчи и една резерва. ШК Алкалоид учествува со своја екипа составена од пет велемајстори. На првата табла настапува новото засилување за екипата ВМ Георгиев Кирил, потоа следуваат ВМ Недев Трајко, ВМ Богдановски Влатко, ВМ Станојоски Звонко и ВМ Кутиров Роландо. Капитен на екипата е ВМ Јаќимовиќ Драгољуб. Во стартниот рангкинг македонскиот тим е четврто рангиран со просечен рејтинг од 2436 поени.
Во првото коло Алкалоид со максимални 4-0 ја совлада екипата USA 5 Brothers. Победи остварија Недев, Богдановски, Станојоски и Кутиров. Во второто коло Алкалоид ќе игра против екипата на Словачка.