Порто славеше голема победа на гостувањето со Целје со 29:30. Победата има уште поголемо значење бидејќи словенечкиот првак водеше дури и со девет разлика.
На петнаесет минути до крајот на натпреварот во игра влезе македонскиот репрезентативец Никола Митревски и беше еден од најзаслужните за пресвртот. Mитревски имаше фантастичен процент на одбрани 44,44%.
