Металург продолжува со склопување на тимот за претстојната сезона. По доаѓањето на Златко Хорват, Металург ја продолжи соработката и со Мице Шилегов, со што ја комплетираше деснокрилната позиција во тимот. Мице Шилегов (1998) ја продолжи лојалноста кон Металург за уште една сезона.
Шилегов е производ на школите на Металург и во клубот е веќе 11 години во кои беше дел од сите старосни категории на Металург.



