Компанијата „Шевролет“ кој е генерален спонзор на Манчестер Јунајтед, е подготвена да го финансира трансферот на еден од најдобрите фудбалери на светот, напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, објави „Auto Esporte“. Оваа сезона, 35-годишниот Роналдо настапи на шест натпревари во Серија А, постигнувајќи осум погодоци.
Акциите на Јувентус пораснаа 30 проценти откако Роналдо се приклучи на тимот. Фудбалерот дојде во Торино од Реал Мадрид во јули 2018 година. Јувентус плати 112 милиони евра за трансфер на Португалецот. Засега нема информации дали Кристијано Роналдо ќе ја прифати понудата на Манчестер Јунајтед.



