После првиот филтер во Битола викендов во Скопје се реализира собир за втор филтер за кадетска репрезентација на Македонија. Во генерацијата 2004/05 учествуваа дури шест ракометарки на ЖРК Стружанка од Струга: Тијана Переска, Сара Калајџиеска, Марија Голабоска, Никица Ѓокеска, Бојана Затуроска и Теодора Дукоска.

Со ова Струга како град уште еднаш се потврдува како центар за ракометни таленти како во машкиот така и во женскиот ракомет од каде произлегле многу репрезентативци и репрезентативки кои достојно ги бранеле и ќе ги бранат боите на Македонската репрезентација.



