Македонската одбојкарска репрезентација синоќа после втората победа на Европското првенство против Црна Гора со убедливи 3-0 се пласира во осминафиналето.
Дарко Ангеловски – Шаби по натпреварот се осврна на победата и најави уште подобра игра:
Знаев дека ќе играме осминафинале уште кога ја земавме организацијата на Европското првенство. Денеска се чувствувам дека ги “сардисав” Црногорците, немаа за мене лек, немаа за никој од нас лек. Ќе пробаме со Чешка и мислам дека можеме да ја добиеме доколку играме 20% подобро од денешната победа