
Северстаљ Череповец, неочекувано, избори ,,мајсторка” во осминафиналето на КХЛ против ЦСКА Москва.
Имено, седмопласираниот тим на Западот после регуларната сезона израмни на вкупни 3-3, откако во шестиот дуел славеше со 3-0.
На мечот, во втората третина стрелаа Данил Пиленков и Александер Петунин, а конечниот резултат го постави Никита Рожков во третиот дел.
Голманот на домашната екипа, Александер Самонов, дојде до вториот овосезонски шут-аут со 26/26 одбрани и притоа запиша една асистенција.