Новајлијата во шкотската четврта лига, Келти Хартс, направи невидена сензација во четвртата рунда од Шкотскиот куп.
Имено, составот од селото Келти избори историски пласман во осминафиналето на купот, откако денес го елиминира актуелниот првак, Ст. Џонстон, со 1-0.
Минатата сезона, Ст. Џонстон освои двојна круна, Шкотски куп и Лига куп, што му донесе пласман во квалификациите за Лига Европа, каде што загуби од Галатасарај, додека Келти Хартс беше член на петтата лига (Лоуленд Лиг).
Сепак, составот од Перт го зазема последното место во шкотскиот Премиершип во тековната сезона и има серија од десет порази во сите натпреварувања.
Резултатската криза на ,,Светците” беше искористена од тоталниот аутсајдер, кој, после деведесет минути игра, одржа солидни 0-0.
Во продолжението, односно во истекот на првиот дел, единствениот погодок на мечот го постигна Калум Хигинботам (103′), кој ги однесе во делириум навивачите на ,,Њу Централ Парк”.