Марјан Секуловски е именуван за нов шеф на стручниот штаб на Брегалница. Со 47-годишниот Секуловски потпишан е договор до 2022 година, со можност потоа и за продолжување на истиот.
По разделбата со Добринко Илиевски, клубот се одлучи за ангажман на докажано тренерско име. Во богатата досегашна тренерска кариера Марјан Секуловски на македонската фудбалска сцена беше предводник на екипите на Пелистер (со која во сезоните 2005/2006 и 2011/2012 стигна до шампионските титули во второлигашката конкуренција и влез во прволигашкото друштво), но и на Новаци, 11 Октомври, Силекс и Македонија ЃП.
На меѓународната сцена, предводејќи го Ајејаваду јунајтед во Мјанмар е освојувач на Купот на Мјанмар во сезоните 2012 и 2015, како и освојувач на трофејот во Суперкупот во 2015 година. Во Мјанмар беше тренер и на екипите на Јангон јунајтед и Шан јунајтед. Освојувач е и на две шампионски титули на Малдивите со екипата на Мазија С&РЦ.
Извор и фото: http://www.fkbregalnica.mk/



