Спортскиот директор на Вардар, Гоце Седлоски се најавува како еден од можните кандидати за клупата на Динамо Загреб, по отказот на нивниот прв тренер Ненад Бјелица. Седлоски во период од 1998 до 2004 година беше играч на ,,Модрите”, а во еден период и ја носеше капитенската лента на тимот. Во случај изборот на Динамо да падне на македонскиот стручњак, Седлоски директорската улога во Вардар ќе ја замени со тренерска во Динамо Загреб.



