
Четвртата трка од новата Ф1 сезона се одржа на шпанско тло, односно во Монтемело, во близина на Барселона, Каталонија.
На неа, до третата овосезонска победа дојде Луис Хамилтон, кој славеше по 98. пат во својата кариера.
Хамилтон ја имаше пол-позицијата, но во првиот свијок го загуби првото место од Макс Ферстапен.
Холанѓанецот беше во водство цели шеесет кругови, кога беше претекнат од Хамилтон, кој примени ризична, но победничка пит-стоп стратегија.
Поради лошата тактика на ,,Ред Бул”, Ферстапен накрај мораше да се задоволи со второто место.
Освен двајцата првопласирани возачи во генералниот поредок, на подиумот се искачи и тимскиот колега на Хамилтон – Валтери Ботас.
Во продолжение, поени освоија уште: Шарл Леклер, Серхио Перез, Даниел Рикардо, Карлос Саинц, Ландо Норис, Естебан Окон и Пјер Гасли.



