Црногорскиот репрезентативен стопер и член на Атлетико Мадрид, Стефан Савиќ е пред трансфер на ,,Месталја” и тимот на Валенсија. Сепак пречка за ,,Лилјаците” е високата оштета што ја бара Атлетико Мадрид во висина од 25 милиони евра. Савиќ има 29-години и веќе има одигра за мадриѓаните 151 натпревар откако дојде од Фиорентина во 2015 година.
Тој оваа сезона одигра 19 натпревари при тоа постигна и еден гол. Важноста на договорот со тимот кој го води Диего Симеоне му преостануваат уште две години. Дали двете страни ќе се договорат останува да се разреши во овој летен преоден рок.



