Во анкетата на навивачите на АЕК Атина нашиот Тони Савевски е избран за најдобар странски фудбалер кој го носел дресот на оваа екипа со која освои 4 шампионски титули и 3 титули во купот.
Во анкетата учествувале 7.206 гласачи, а дури 47% го дале гласот за Тони Савевски. Савевски го остави зад себе и големиот Ривалдо кој беше втор со 16%.