Сашо Богојески, македонец кој што живее во Македонија, Скопје е единствениот кој што ги покори сите седум светски „мајор“ маратони во светот.
Богојески е рекреативен атлетичар по асфалт и скајранинг репрезентативец за Македонија кој што успеа прв да ги комплетира сите маратони ширум светот, и тоа:
- 2019 година – Чикаго, со време од 2:59:01
- 2019 година – Берлин, со време од 2:58:01
- 2022 година – Бостон, со време од 2:42:45
- 2022 година – Лонгон, со време од 2:34:53
- 2023 година – Њу Јорк, со време од 2:35:39
- 2023 година – Токио, со време од 2:34:36
- 2025 година – Сиднеј, со време од 2:39:23

Маратон е трка на патека долга 42,195 километри воведена на Летните олимписки игри – 1896 во Атина, за спомен на војникот што трчал од Маратонско поле до Атина за да извести за победата на Грците над Персијците 490 п.н.е.. По пристигањето во Атина, гласникот умрел. Должината на патот што го поминал тој е земена за должина на маратонот што е ставен во програмата на сите поголеми меѓународни атлетски натпревари.
Сашо рекреативно се занимава со атлетиката, кралицата на спортовите, каде што е еден од најуспешните рекреативци во Македонија според своето време кој што тој го постигнува, како на асфалт така и на треил натпреварувањата во Македонија и пошироко, времињата кој што тој успеа да ги оствари на сите најголеми маратони кои што спаѓаат во „мајор“ категориите се и повеќе од многу добри резултати.

Сашо е претседател и на Атлетски Клуб во Скопје, Атомик, каде што исто така неговиот клуб се занимаваат рекреативци кои што имаат одлични времиња на натпреварувањата.

„Големите маратони“ се однесуваат на главните светски маратонски трки „Абот“, серија од седум престижни трки: маратонот во Токио, маратонот во Бостон, маратонот во Лондон, маратонот во Берлин, маратонот во Чикаго, маратонот во Њујорк и маратонот во Сиднеј, кој е додаден од 2025 година. Тркачите можат да заработат медал од шест ѕвездички за завршување на првите шест главни светски маратонски трки, што е многу посакувано достигнување во спортот.





