Македонскиот голман Андреј Петковски ја отвори својата нова страница во кариерата на импресивен начин во полското првенство.
Петковски летово потпиша за екипата на Азоти Пулави, која важи за еден од најсилните клубови во Супер лигата, а уште на дебито покажа колку ќе значи за тимот.
Азоти Пулави во првото коло се соочи со Стал Миелец и по неизвесен натпревар кој заврши 25:25, победата ја обезбеди по изведување на пенали со конечни 29:28. Херој на мечот беше токму македонскиот чувар на мрежата – со дури 14 одбрани и 40% успешност, Петковски ја заслужи наградата за најкорисен играч.




