Кошаркарите на Хувентуд долго ќе жалат за она што го пропуштија на гостувањето во Болоња. Имаа Ненад Димитријевиќ и соиграчите шанса да му го нанесат првиот пораз на Виртус во сезоната од Еврокупот. Беа во игра до последната минута, но на крајот загубија со резултат од 80:75 и топ-фаворитот поведе со 1-0 во серијата од четвртфиналето.
Одлична прво полувреме имаа кошаркарите на Хувентуд. Го изненадија фаворизираниот противник во сите аспекти на играта. И оној плус од три поени 44:41, беше премал во однос на случувањата на теренот во Болоња.
Полувреме во кое Ненад Димитријевиќ беше девет минути во игра и ги реализираше сите шест поени на оваа средба. До крајот, нашиот репрезентативен бек одработи 18.минути во кои додаде три асистенции и четири загубени топки.
Фото и извор: https://kfsm.mk/



