Во 18 коло од шампионатот на Романија, тимот на Рапид Букурешт ја забележа победата против Залау со резултат 28:25.
Иако на полувреме Залау имаше предност од 13:9, Рапид излезе силно во вториот дел и успеа да ја прекине нивната серија.
Македонската репрезентативка во тимот на Рапид постигна четири гола и беше еден од клучните играчи за победата.




