ЦСКА Москва и Сара Ристовска, станаа шампиони на Русија, откако во мајсторката денес славеа против минатогодишниот првак Ростов Дон со 35:29.
Ристовска со 4 погодоци беше една од најдобрите поединки на ЦСКА и ја доби наградата МВП на последниот финален натпревар. Годинава Сара и нејзините колешки стигнаа до двојната круна откако претходно го освоија и Купот на Русија.