Влатко Митков, кој оваа сезона е во улога на тренер-играч на австрискиот Холабрун, успеа да го внесе тимот во најсилната лига во Австрија.

Влатко Митков до повредата на раката беше меѓу најдобар стрелец во целата лига со 125 гола и страшен просек од скоро 8 по натпревар и е најзаслужен за пласманот во елитата.