Последната станица од овосезонското издание на Светскиот куп во крос-кантри беше швајцарскиот Енгадин, каде што денес се одржаа трките со масовен старт.
Од дамите, кои скијаа на десет километри, најбрза беше Јулија Ступак (25:13,3), а на подиумот се искачија Хајди Венг (+7,1) и Еба Андерсон (+8,5).
До најдобриот пласман во кариерата дојде четвртата Лаура Гимлер (+16,4), а новата шампионка, Џеси Дигинс (+20,7) беше петта.
Важен е фактот дека од оваа трка отсуствуваа Терезе Јохауг и Фрида Карлсон.
Од друга страна, мажите се тркаа на петнаесет километри и таму славеше Александер Болшунов (34:07,1).
Русинот имаше солидна предност во однос на сите ривали, а во битката за среброто, Јоханес Клебо (+18,4) го доби својот сонародник Паал Голберг (+18,9) за половина секунда.
Освен нив, во топ 5 се пласираа Јенс Бурман (+20,0) и Симен Хегштад Кругер (+21,2).
📸 Vianney Thibaut/NordicFocus/Getty Images