Во новата сезона средниот бек Анте Гаџа и десниот бек Јосип Векиќ ќе бидат дел од тимот на Вардар 1961.
Гаџа потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“, а Векиќ остане во Скопје до 2024 година.
Хрватските ракометари во пакет пристигнаа во Скопје од хрватскиот шампион ППД Загреб, а се очекува да ги пополнат позициите на Скубе и Кристопанс каде Вардар остана ослабен по нивното заминување.