На првото скокање после прележаниот Коронавирус, Рјоју Кобајаши се истакна со скок од 133 метри, кој му донесе победа на квалификациите во Клингентал, Германија.
Јапонецот славеше на квалификациските скокови по вторпат сезонава и го зголеми своето конто за дополнителни три илјади франци.
Првопласираниот во генералниот поредок, Карл Гајгер, доцнеше половина поен зад Јапонецот и го освои второто место, додека Полјакот Камил Штох го комплетираше победничкиот подиум.
На четвртата позиција заврши најдобриот Швајцарец, Килијан Пајер, а во топ 10 се пласираа уште: Андреас Велингер, Симон Аман, Пиус Пашке, Штефан Лаје, Штефан Крафт и Даниел Хубер.