
Рјоју Кобајаши е победникот на првото натпреварување во Оберстдорф во рамките на јубилејното седумдесетто издание на Новогодишната турнеја во ски скокови.
Јапонецот славеше, откако беше петти после првиот дел, а во втората серија го имаше најдолгиот скок од 141 метар.
Во продолжение следуваа тројца Норвежани, односно Халвор Егнер Гранеруд, Роберт Јохансон и Мариус Линдвик, а првопласираниот во Светскиот куп, Карл Гајгер, заврши на петтото место.
Словенецот Ловро Кос беше шести, а пласманот во топ десет го комплетираа Маркус Ајзенбихлер, Даниел Хубер, Штефан Лаје и Грегор Дешванден.
Историја испиша Фатих Арда Ипчиоглу, кој со дваесет и деветтото место ги освои првите поени за Турција во Светскиот куп во ски скокови.