
Скијачкиот викенд во Лахти (Финска) беше затворен со второто индивидуално натпреварување од Светскиот куп во ски скокови во машка конкуренција.
На него, победата ја поделија двајца претходни освојувачи на Светскиот куп – Рјоју Кобајаши и Халвор Егнер Гранеруд.
Сепак, поголем победник во целата ситуација излезе Кобајаши, кој го презеде првото место во генералниот поредок, искористувајќи го киксот на петтопласираниот Карл Гајгер.
Најниското место на подиумот му припадна на Штефан Крафт, кој за 5,3 поени го претекна својот сонародник, Улрих Волгенант.
За Волгенант, четвртото место е најдобар пласман во Светскиот куп во својата кариера, на кој му претходеше шестата позиција освоена во петокот.
Во продолжение, пласманот од шестото до десеттото место го комплетираа: Мануел Фетнер, Давид Кубацки, Маркус Ајзенбихлер, Жига Јелар и Цене Превц.




