
Последната скокалница од Светскиот куп во ски скокови беше ,,Салпауселка” во финскиот ски-центар – Лахти.
Последното натпреварување на неа траеше само една серија поради лошите временски услови, при кои, најдобро се снајде Рјоју Кобајаши.
Јапонецот дојде до третиот триумф во тековната сезона, благодарение на скокот од 136,5 метри.
Позади него, на подиумот се пласираа Штефан Крафт и Карл Гајгер, а пласманот во топ 5 го комплетираа Даниел Чофених и Анже Ланишек.
Наредниот викенд ќе биде последен од Светскиот куп за 2022/23 и истиот ќе се одвива на леталницата во Планица, Словенија.