Репрезентацијата на Македонија утре со почеток од 18′ на националната арена „Тодор Проески” ќе одигра контролен натпревар против соодветната селекција на Словенија.Мечот против Словенија ќе биде првиот од двата контролни теста пред заминувањето за Букурешт на Европското првенство.
Стефан Ристовски вели дека Македонија е репрезентација која на секој натпревар игра на победа.
„ Се подготвуваме одлично, атмосферата во репрезентацијата е на едно високо ниво, очекуваме утре наша добра игра и победа. Македонија на секој натпревар игра на победа. Фудбалот затоа и е толку посебен. Изгубивме од Австрија, а успеавме да ја победиме Германија на гостински терен. . Кој и да излезе утре на терен што се однесува до составот значи дека е во првиот тим. На селекторот е да одлучи. Кој и да настапи ќе даде максимум и ќе одигра пожртвувано и борбено за националниот дрес”, вели Стефан Ристовски.