Светското првенство во нордиска комбинација во машка конкуренција започна денес во германскиот Оберстдорф.
Во првата серија, на малата скокалница (ГС 106), Рјота Јамамото им зададе заостаток поголем од дваесет секунди на сите ривали со скокот од 106 метри, но накрај заврши на единаесеттото место, поради лошото скијање на десет километри.
Третопласираниот после скокот, Јарл Магнус Риибер (23:01,2), успеа да дојде до златниот медал и фаворитски да ја одбрани светската титула од минатото СП.
Со сребро се закити Финецот Илка Херола (+0,4), кој го оправда епитетот за најдобар тркач со скокот од тринаесеттото до второто место.
Бронзата му припадна на Јенс Лураас Офтебро (+0,9), кој напредна за осум позиции во однос на утринското скокање.
Во продолжение, во првите десет се пласираа уште: Ерик Френцел (+5,9), Акито Ватабе (+9,0), Фабијан Рисле (+16,8), Јоханес Лампартер (+28,6), Лукас Грајдерер (+1:01,9), Јерген Граабак (+1:13,8) и Еспен Брјорнштад (+1:14,3).
📸 Sandra Volk/NordicFocus/Getty Images