Целата Велика Британија е горда на играчот на Манчестер Јунајтед Маркус Рашфорд, а доби благодарница и од страна на лутиот ривал Манчестер Сити. Благодарение на кампањата која ја покрена Рашфорд во време на кризата со корона се собраа многу средства кои ќе бидат наменети за храна на учениците во училиштата.

За овој прекрасен потег од Рашфорд му се заблагодари и лутиот ривал Манчестер Сити. Рашфорд е херој со кој се гордее целиот Манчестер.



