Во рамките на Правта коишаркарска лига, МЗТ Скопје Аеродром ја оставри седмата победа во првенството против силниот тим на КК Гостивар со резултат од 93:76 што воедно беше и триумфално деби на Дарко Радуловиќ како предводник од клупата на ,,Металците”.
Хасани Гравет со 22 поени и Дамјан Стојановски со 15 поени беа најефикасни во тимот на МЗТ, додека двоцифрен поентерски ефект имаа уште и Андрија Бојиќ со 12, Френк Тарнер со 11 и Иван Карачиќ со 10 поени.
Адем Мекиќ застана на 9 поени, Бојан Крстевски на 7, Кристијан Николов постигна 5 поени, а 2 поени останаа запишани зад името на Филип Бакоч, а кај Гостивар, Димчевски реализира 19 поени, пред Вокер со 16 поени.