Некогашниот македонски кошаркарски репрезентативец Предраг Самарџиски има нов клуб. Центарот кој е висок 215 сантиметри потпиша со екипата на Јени Мамак која се натпреварува во втората турска лига. Самарџиски и претходно настапуваше во Турција и тоа за тимот на Самсунспор.
Самарџиски со своите 34 години и богатото искуство зад себе уште има квалитет и што да понуди во силната турска лига. Во својата кариера настапуваше за тимовите на: Партизан, ФМП, Литворс Ритас, Црвена Ѕвезда, Мерсин, МЗТ Скопје Аеродром и Мега Баскет.