Сезоната 2020/21 беше вкупно тринаесеттата од основањето на регионалната Триглав Лига во ватерполо.
Токму бројот тринаесет, симболично, се покажа како среќен за Србија затоа што за првпат, клуб од оваа држава се закити со титула.
Имено, златниот медал на нашиот северен сосед му го донесе Раднички Крагуевац, кој во финалето го совлада Југ од Дубровник со 14-12.
Двете екипи ги заземаа првите две места во групата Б во регуларниот дел од сезоната.
Во плејофот, односно во полуфиналето, Раднички го елиминираше Младост Загреб (13-14), а Југ славеше над Јадран Сплит (12-10).
Во финалето, првата и третата четвртина завршија со нерешен резултат (4-4 и 3-3), а Раднички ја стекна предноста во вториот (4-3) и во четвртиот (3-2) квартал.
Најефикасен играч на мечот беше Марко Радуловиќ (Раднички) со четири постигнати голови од вкупно шест шутеви.
Од неговите соиграчи, трипати стрелаше Филип Јанковиќ (3/5), а двапати во листата на стрелците се запиша Страхиња Рашовиќ (2/6).
Голманот на новите шампиони, Лазар Добожанов, имаше 40% успешност на одбранети удари, односно 8/20.
Од хрватскиот состав, најдобри стрелци, со по три погодоци, беа Лорен Фатовиќ (3/5) и Хрвоје Бениќ (3/4).
Во мечот за бронзата, Јадран го доби Младост со 11-8.
📸 kvkradnicki.com



