Максимум по 4.000 фанови ќе биде дозволено да бидат присутни на стадионите во регионите кои не се високо ризични во Англија кога на 2 декември ќе заврши „локдаунот“.
Навивачите во Англија полека ќе се враќаат на стадионите на отворено, но не и во салите. Планот е тоа да почне по втори декември кога ќе заврши „локдаунот“ во Англија. Во зависност од бројот на заболени, во Англија е направена поделба на три нивоа.
Во нивото кое е најмалку ризично ќе може по 4.000 фанови да бидат присутни на стадионите. На второто ниво по 2.000, а на третото, во највисоко ризичните реони нема да може да има публика.



