
Пред само три дена, екипата на ПТТ Анкара беше на прагот од огромна сензација, но загуби со 2-3 од фаворизираниот Фенербахче.
Сепак, денес, во заостанатиот меч од четиринаесеттото коло на турската Султанлар лига, претставничките на главниот град на Турција со ист резултат од 3-2 славеа над уште еден фаворит – Галатасарај.
Галатасарај поведе со 0-1, откако ја доби првата партија со 21-25, но ги ПТТ направи пресврт со 25-23 и со 25-23.
Во четвртиот сет, гостинките од Истанбул беа подобри со 20-25, но ја загубија петтата партија со 15-12.
Токму во петтиот сегмент од мечот, домашниот состав водеше со 9-5, но успеа да им овозможи на ривалките водство од 11-12, пред конечната серија од 4-0 за огромен триумф.
Од домашните редови, единствени со двоцифрен напаѓачки учинок беа Аманда Кампос и Емилија Димитрова со 16, односно со 25 поени.
На спротивната страна, носителка на цела игра, освен добрата одбрана, беше грчката одбојкарка, Анти Василантолаки, со неверојатни 33 поентирања.
На табелата, ПТТ е шести, а Галатасарај има натпревар помалку во однос на денешниот ривал, но сепак ја зазема петтата позиција.



