
На денешната програма во Закопане (Полска), од Светскиот куп во ски скокови, беше првото екипно натпреварување во тековната сезона.
На него, првото место го освои Австрија, која имаше само еден поен повеќе од второпласираната Полска.
Најниското место на пиедесталот им припадна на Германците, а во топ 5 завршија уште Словенија и Норвешка.
Во продолжение, поредокот гласеше: Финска, САД, Чешка и Романија.
За првите три селекции настапија: Даниел Чофених, Михаел Хајбок, Мануел Фетнер и Штефан Крафт (Австрија); Камил Штох, Пјотр Жила, Павел Васек и Давид Кубацки (Полска); Маркус Ајзенбихлер, Филип Раимунд, Карл Гајгер и Андреас Велингер.