Сè до пред пет дена, Вејн Руни беше привремен тренер-играч на Дерби Каунти. Сепак, Англичанецот реши да ги ,,закачи копачките” и да се насочи целосно кон тренерската кариера.
Неговата одлука беше поддржана од штабот на Дерби, кој го награди со нов тренерски договор.
На второто менаџерско деби, Руни и Дерби загубија од Ротерам Јунајтед со 0-1, иако важеа за големи фаворити.
Сепак, денес, аутсајдерски го надиграа Барнмут со 1-0 во рамките на 25. коло од англискиот Чемпионшип.
Стрелец на единствениот погодок беше повратникот кај ,,Овните”, Кристијан Биелик, кој го совлада Асмир Беговиќ во 32. минута.
Со новите три поени, Дерби ја напушти ,,црвената” зона, а истовремено го спушти денешниот ривал на петтото место.
📸 Twitter: Derby County



