Иако ја имаше фаворитската улога, Јокерит загуби со 4-5 од Кунлун Ред Старс за првпат во историјата на домашен терен.
Во првата третина, Хантер Шинкарук погоди за 0-1 во корист на Кунлун, а во продолжение следуваа две серии од по три погодоци и на двете екипи.
Најпрво, пресвртот на Јокерит го направија Маркус Ханикаинен, Никлас Јенсен и Џон Норман, а предноста на Кунлун, со нов пресврт, ја вратија Рајан Спраул, Лук Локхарт и Тајлер Вонг.
Најдобриот поентер на финскиот тим, Брајан О’Нил, со својот единаесетти овосезонски погодок, успеа да го однесе мечот во продолжение, каде што, Иван Николишин погоди за конечна победа на Кунлун.
За кинескиот состав, денешните два поени се вредни само за да останат во борба со Нефтехимик Нижнекамск за напуштање на дното на Истокот, додека едниот бод му донесе на Јокерит предност од седум бодови во однос на првата екипа вон плејоф-зоната – Спартак Москва.
📸 Twitter: Kunlun Red Star