Металург Магнитогорск изненадувачки и неочекувано, денес го претрпи првиот пораз после петте врзани победи.
Овој пат, Нефтехимик од Нижњекамск беше поуспешен од популарните ,,Магнитки” на гостински терен за првпат после повеќе од пет години (5 јануари 2015), со конечен резултат од 3-4.
Во првата третина, Владимир Галузин им донесе почетна предност на гостите, а после неполни две минути Металург израмни преку Семјон Кошелев.
Во воведните десет минути од вториот период, Нефтехимик стекна капитална предност од 1-4, а стрелци беа Илдар Шикстадаров, Марат Хаирулин и Михаил Бјакин.
До крајот на средишната третина, Магнитогорск успеа да намали на 3-4 и со тоа да го постави конечниот резултат. Во листата на стрелците од домашниот состав, по вторпат со пауер-плеј гол на мечот се запиша Кошелев, а третиот погодок, кој повторно беше во момент кога Металург имаше играч повеќе, го постигна Тејлор Бек.
После оваа средба, Металург остана на четвртата позиција на Истокот, додека Нефтехимик е десетти.