По вчерашниот екипен триумф на Норвежаните, денес следуваше првото индивидуално натпреварување во Лахти, Финска, во рамките на Светскиот куп во ски скокови.
На скокалницата ,,Салпауселка”, до победа на одложените денешни квалификации дојде Пјотр Жила со скокот од 128 метри (132,8 поени).
На натпреварувањето, во неверојатен финиш, Роберт Јохансон го запиша првиот триумф во сезоната.
Водечкиот после првата серија и првопласираниот во генералниот пласман, Халвор Егнер Гранеруд, скокна 137,5 метри, но падна при доскокот и мораше да се задоволи со четвртото место.
Освен Јохансон, на подиумот се пласираа двајцата Германци, Маркус Ајзенбихлер и Карл Гајгер.
Пласманот во првите пет го заокружи Штефан Крафт, а во најдобрите десет се пласираа Даниел Андре Танде, Анже Ланишек, Михаел Хајбок, Рјоју Кобајаши и Пиус Пашке.
📸 Stanko Gruden/Agence Zoom/Getty Images