Давор Палевски е првото засилување на Тинекс Пролет за новата натпреварувачка сезона. Откако лани левото крило постигна 190 гола на 17 натпревари за Работнички, на негова адреса летово пристигнаа неколку интересни понуди, за на крајот да го избере токму Тинекс Пролет за следна дестинација во кариерата.
Станува збор за играч кој е поранешен кадетски и младински репрезентативец на Македонија. Палевски беше дел од составот на младинците кои стигнаа до одличното шесто место на СП во Алжир.Пред Работнички тој го го носеше дресот на Металург, тим со кој настапуваше и во Лигата на Шампионите.