Салават Јулаев Уфа е единствениот клуб од новата КХЛ сезона, кој има стопроцентен учинок после првите четири одиграни средби.
Денес, ,,Зелените”, пред 3465 гледачи во ,,Уфа Арена”, со пресврт славеа над Спартак Москва со резултат од 2-1.
После првите дваесет минути игра, Спартак водеше со 0-1, откако мрежата на Јуха Метсола ја затресе Сергеј Широков со првиот овосезонски погодок.
Метсола, иако мораше да го вади пакот од својот гол после десет минути, успеа да го заврши мечот со 27/28 одбранети шутеви (96,43%).
Во втората третина, Александер Никишин постигна автогол за 1-1, кој беше запишан на контото на Андреј Зубарев, а пресвртот на Салават го комплетираше Сергеј Шмелјов.
Со максимални осум бодови, Уфа го држи првото место на Истокот, додека Спартак е втор на Западот и покрај тоа што го запиша првиот пораз во сезоната.