Екипата на Караорман оваа сабота на домашен терен ја продолжува битката за опстанок во втората лига.
Противник на Караорман еден од најстарите фудбалски клубови во Македонија, кој минатата година прослави 100 години од формирањето, ќе биде тимот на Кожув од Гевгелија.
Натпреварот ќе се одигра на стадионот на ФК Караорман во Струга со почеток од 14 часот.




