Пред два дена Примариус Д-р Оливер Бојчески (Специјалист по спортска медицина и специјалист по трудова медицина), како човек кој прележал Ковид 19 одлучи да се приклучи на лицата кои дарувале крвна плазма и тој да дарува со цел да му се помогне на пациентите кои водат борба со овој вирус.
За таа цел и за стимулирање на јавната свест Доктор Бојчески ја даде следната препорака:
Вирусот е непредвидлив и сеуште доста непознат.Некои лица поминуваат полесно, но некои имаат навистина големи тешкотии да се изборат против оваа болест. Затоа апелирам како доктор кој цел живот работи и е опкружен со спортистите и спортските работници, најпрво тие да донираат крвна плазма како лица кои се пример и идоли за многу генерации. Тие нека бидат поттик за сите луѓе кои се здрави и немаат проблеми, а кои прележале Ковид 19 да се придружат на оваа акција и да помогнеме на медицинскиот кадар кој неуморно се бори насекаде низ Македонија да се спасат што повеќе човечки животи.



