Хрватскиот ракометар Иван Чупиќ кој игра за Вардар 1961, после пет години во ,,Црвено-црниот” дрес се враќа дома, клубот ППД Загреб и официјално потврди дека потпишале тригодишен договор со искусното крило.
Чупиќ кој има 34 години, беше човекот кој со својот победнички гол му ја донесе на скопски Вардар првата европска титула, а потоа со македонскиот првак освои уште еден европски трофеј.
Денеска дојде и официјална потврда од ППД Загреб дека искусното крило потпишал договор кој ќе важи од 1 јули 2021 година и за Загреб во наредните три години ќе ги брани боите на новиот клуб. Инаку Чупиќ 15 години има интернационална кариера.
Фото: RK Vardar 1961