Повеќе од 65.000 луѓе во понеделникот учествуваа во традиционалното новогодишно капење во Северното Море, езерата и реките во Холандија, јавуваат холандските медиуми. Околу 10.000 луѓе учествуваа во традиционалното предновогодишно капење на брегот на Шевенинген на 1 јануари напладне, соопштија организаторите.
Температурата на водата беше 7 степени и тоа беше „совршен почеток“ на Новата година, изјави еден од учесниците за локалната телевизија Омроеп Вест. Холанѓаните одлучија да се капат на 163 различни локации – во езера, реки и плажи низ земјата. Вкупно во традиционалното новогодишно капење учествуваа околу 65.000 луѓе, пренесе АД. Оваа традиција трае од 1959 година.




