Ракометната репрезентација на Македонија ја совлада соодветната репрезентација на Црна Гора со вкупен резултат од 54-51 после 90. минути игра. Ова беше прв контролен натпревар за двете селекции пред настапот на Европското првенство во Германија.
Македонија славеше победа од 39-37 (22-17) по 60 одиграни минути, но договорено беше да играат сите ракометари и затоа натпреварот траеше 90 минути и конечен резултат беше 54-51.




