Салфорд Сити е клуб во сопственост на неколку поранешни ѕвезди на Манчестер Јунајтед Ники Бат, Рајан Гигс, Гери и Фил Невил, Пол Сколс и Дејвид Бекам. Клубот за прв пат во својата историја се пласира во четврта лига, а сега по отказот на нивниот менаџер, на клупата привремено ќе седне Пол Сколс еден од сопствениците на клубот.
Сколс во својата тренерска кариера го има предводено тимот на Олдам, но ја раскинал соработката поради недоразбирање со сопствениците на клубот. Тој ќе ја извршува функцијата во Салфорд се до моментот додека не се најде долгорочно решение.



