На големо најпознатите медиуми пишуваат дека доаѓањето на Маурисио Покетино во ПСЖ е завршена работа, а веќе се пишува и за првите негово засилувања во Париз. Покетино би можел многу лесно повторно да соработува со двајца свои миленици. Имено, Кристијан Ериксен е отпишан во Интер, а ПСЖ е фаворит да го доведе.
Деле Али е втората желба на Покетино за доведување во Паси Сен Жермен, а сега во Тотенхем ја грее клупата, инаку во ,,Спарси”, кога беа заедно бо тандем со Ериксен на средината на теренот играа во фантастична форма и беа едни од најдобрите во Премиер лигата на таа позиција.



